Коренити промени во NBA: All-Star дуелот веќе нема да се игра помеѓу Истокот и Западот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Направен е првиот чекор за укинување на конференциите во NBA лигата – нема да има веќе ѕвездени дуели помеѓу Истокот и Западот.

На All-Star дуелот, кој се одржува секоја година од 1951 година наваму, досега се играше така што навивачите бираа по пет најдобри играчи од источната и западната конференција, кои потоа, заедно со седум резервни играчи, ги претставуваа своите конференции во елитниот NBA дуел помеѓу Истокот и Западот.

И понатаму ќе се бираат по 12 играчи од секоја конференција, како и минатата година, ќе се сметаат гласовите од навивачите, играчите и новинарите, но оној играч кој ќе добие најмногу гласови ќе биде капитен и ќе го бира својот тим.

Натпреварот ќе има и хуманитарен карактер, бидејќи секоја екипа ќе одбере по едно здружение од областа на градот кој ќе биде домаќин и NBA приходите од влезниците ќе ги донира на тоа здружение.

Гласањето за учесници на All-Star натпреварот почнува на Божиќ, дуелот е на распоред на 18 февруари, а резервите и понатаму ќе ги бираат тренерите.

Бесплатни алатки и совети за обложување на  Kladenje.mk.