Копија на славната манекенка: Оваа убавица е „скината“ Џиџи Хадид


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американската манекенка со палестинско-холандско потекло, Џиџи Хадид, моментално е една од најпознатите и најбарани убавици во светот на модата и модните писти, а нејзината популарност вртоглаво порасна откако стана дел од престижниот бренд на модната куќа Victoria’s Secret.

Но, малкумина, па дури и меѓу оние поупатените во светот на модата, знаат дека оваа убавица има двојничка која, исто така, „плива“ во модните води.

Се вика Џесика Бербери, по потекло е од Албанија и исто така е успешна манекенка која пред неколку години беше прогласена и за Мис на Албанија. За нивната сличност најдобро и најубаво сведочат фотографиите од албанската убавица.