Копенхаген има повеќе велосипеди од коли


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


За никого не е изненадување дека возењето велосипед е многу популарно во Копенхаген, но едно ново проучувување покажува дека бројот на велосипеди во градот е веќе поголем од бројот на автомобили. Градските власти имаат поставено над 20 сензори во централното подрачје кои ги пребројуваат велосипедиете и кои изброиле дека во Копенхаген се возат 265.700 велосипеди, што го надминува бројот на автомобили кои изнесува 253.600.

Следењето на велосипедскиот сообраќај преку овие електрични сензори е само еден од аспектите на работењето на локалните власти за зголемување на употребата на велосипед во градот, кои се чини дека даваат резултат. Податоците покажуваат дека употребата на велосипеди е зголемена за 68% во последните 20 години, пишува Капитал.

Локалните власти на Копенхаген инвестирале околу 143 милиони евра од 2005 година наваму, само во поддршка на употребата на велосипеди во градска средина со цел да го зголемат бројот на луѓе кои ќе го претпочитаат транспортот на две тркала.

Велосипедските и печачки мостови се најчестите објекти кои се градат покрај постојната инфраструктура, со цел да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се држат велосипедистите подалеку од издувните гасови на автомобилите.
Додека велосипедскиот сообраќај продолжува да се зголемува, со раст од 15% за само една година, движењето на автомобили бавно се намалува, со околу 1% годишно.

Но, тука не завршува работата на градските власти на Копенхаген. Мортен Кабел, сегашниот градоначалник за технички и еколошки прашања коментира дека градот има за цел до 2025 година 50% од сите патувања до работното место да бидат со велосипед. Ако се има во предвид дека 41% од патувањата веќе се реализираат со велосипед, посакуваната цел од 50% е лесно достижна.

Новото проширување на метрото, планирано да започне во 2019 година, може да го забави растот на сообраќајот со велосипеди, но градските власти немаат ништо против тоа, бидејќи патувањето со метро е исто такаа транспорт без штетни емисии кој не го загадува воздухот.

“Најважното нешто за мене е Копенхаген да има зелен транспортен систем. Ако не користи фосилни горива и ако не го загадува воздухот, јас сум задоволен од тоа”, вели Кабел.