Home Вебкафе Копала подземен тунел за да го извади од затвор нејзиниот син – ја фатиле и сега и таа ќе оди зад решетки

Копала подземен тунел за да го извади од затвор нејзиниот син – ја фатиле и сега и таа ќе оди зад решетки

Украинка беше фатена како копа подземен тунел за да го спаси синот од затвор, и сега најверојатно и таа ќе заврши зад решетки.

Педесетиедногодишната жена изнајмила куќа во близина на затворот во Запорошката област на југот од Украина. Потоа со лопати и мотики копала тунел на длабочина од три метри и долг 10 метри се до затворските ѕидини.

Копала само навечер за да не привлече внимание, а до куќата патувала со електричен скутер.Земјата ја носела во гаража, а од тунелот ја вадела со посебени дрвени колички, пренесуваат украинските медиуми.

Пред да биде фатена, таа ископала и изнела околу три тони земја за три недели од кога ја започнала операцијата.Локалното население смета дека жената добро се подготвила и дека е во прашање ќерка на рудар со оглед на тоа дека за толку кратко време направила толку голем тунел .

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да изгледате попривлечно на фотографии – 10 едноставни совети

Време е да заборавите на „отстрани ознака“ на фотографиите од вашите пријатели! Сите имаме…