Актуелно

Конвенција на Пендаровски: „Среќен роденден, Стево, среќен роденден, Претседателе“

На 3 април, вчера, симболично совпадната со редниот број на кој ќе се наоѓа Стево Пендаровски на гласачкото личе за претседателските избори, но се совпадна и со неговиот роденден, беше одржана конвенцијата на претседателскиот кандидат на СДСМ со нивната коалиција.

Започнаа со химната, а завршија со роденденска песна отпеана во чест на Пендаровски. Тој, во улoга на домаќин, порача дека е време да си го вратиме украденото од пред години. Скандираше Македонија и во говорот ниту еднаш не кажа Северна.

На противкандидатката и порача дека е невозможно доколку ветува деке ќе го укине Преспанскиот договор. Пендаровски вели „влегол како дел од тимот на Шеќеринска, но останал како соиграч на Заев“ за кого не штедеше пофални зборови. Повика на мобилизиција, не споменувајќи го директно цензусот и вети дека нема да биде послушник.

Заев пак е сигурен – Стево вели е единствениот избор кој што ќе продолжи да го оди европскиот пат. Му порача дека претседателот е број еден и да го критикува премиерот кога ќе згреши, но и да го поддржи кога ќе направи добро. Сиљановска Давкова ја пошттеди од критики, но не и лидерот на ВМРО- ДПМНЕ. Му порача дека цел свет застанал зад земјава, но не и тој, бидејќи не може како што рече да се откаже од политиките на Груевски. Му предложи и селфи.

На конвенцијата во Скопје, во преполната сала на спортскиот центар ,,Борис Трајковски“ ечеше и „Среќен роденден“, во чест на 56. роденден од Пендаровски.

Advertisements
To Top