Контровезна и револуционерна: Таа е првата жена на чело на Европската полиција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Белгијката Катерин Де Бол е првата жена која застана на раководното место од највисокото европско полициско тело, Европол.

Сепак, и покрај револуционерното симболично значење кое го доби со доаѓање на оваа позиција, бројни се критиките за нејзината претходна работа, бидејќи таа беше шеф на белгиската полиција за време на терористичките напади во Брисел.

Де Бол е Белгијка и го наследува Роб Вејнврајт, дојден на таа функција од британските служби МИ5. Таа од 2012 беше генерален комесар на белгиската федерална полиција, и беше на функција кога се случија терористички напади во Брисел во 2016. Оттука и критиките упатени кон неа, пред сѐ во нејзината матична држава.

По атентатите, собраниската комисија задолжена да ја контролира белгиската полиција, наречена Комитет П, изададе извештај во кој констатира дека белгиските власти знаеле дека браќата Абдеслам (осомничени за атентатите) планирале напади. Извештајот ги нотира сите слабости на белгиската полиција и недостатокот на размена на информации во оваа држава поделена на повеќе заедници и региони. Комитетот забележува и дека службите немале доволно средства, и дека одредени лица не се однесувале професионално во работата.
Шефот на комисијата, Ив Кепенс, ја обвини лично Катерин Де Бол дека се обидела да се вмеша во работата на ова независно надзорно тело, дека се обидела да ја спречи нивната работата и дека се обидела да задржи документи побарани од комисијата, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Де Бол ги негира сите обвинувања кои и се упатени. Во интервју со европскиот медиум Политико, таа вели:

-Ако пораз значи спореведување на атентат, тогаш многу други земји и служби не успеале во нивната борба против тероризмот. Не само во Европа, туку и во САД. Во Орландо ФБИ два пати го распрашувал напаѓачот пред да се случи атентатот.

Во нејзина одбрана застануваат и нејзини колеги од белгиската полиција кои тврдат дека “никој не сакаше жена на врвот на организацијата“. Де Бол ја фалат и европратеници кои потсетуваат дека фактот што успеала да раководи со полиција во федерална, поделена и комплексна држава како Белгија е доказ за нејзината компетентност.

Катерин Де Бол има 48 години и беше првата жена на функцијата генерален комесар на белгиската федерална полиција. Нејзината кандидатура беше одобрена од земјите членки на ЕУ во декември. Таа беше еден од тројцата фаворити во трката, другите беа од Чешка и Холандија. Де Бол е именувана за мандат од четири години.