Контроверзниот Дутерте го распнаа на интернет поради овој бакнеж


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се најде на удар на критики од јавноста откако на еден јавен настан кој беше емитуван во живо на телевизија, ја бакна Филипинката која работи во Јужна Кореја.

„Инцидентот“ се случил во Сеул, каде Дутерте разговараше со филипинските работници во странство. Две жени беа поканети на бината со цел да добијат бесплатни книги. Откако една од нив не можеше да го сокрие своето воодушевување од Дутерте, тој почна да ја убедува да го бакне во уста. Девојката на кратко даваше отпор, но Дутерте на крајот ја тргна кон себе и ја бакна.

Иако девојката се смееше, а масата задоволно скандираше, контроверзниот Дутерте подоцна беше обвинет за непримерно однесување кон жените. Една филипинска група која се бори за правата на жените оваа ситуација ја нарече „одвратна глума на мизогиниот претседател“.

Ова не е прв пат Дутерте да биде обвинет за мизогинистички коментари. Во април, 2016 година, во текот на предизборната кампања, тој го коментираше силувањето и убиството на австралиската мисионерка од 1989 година во Давао, каде во тоа време тој беше градоначалник.

„Бев лут бидејќи беше силувана. Тоа е единствената работа. Беше толку убава, градоначалникот требаше да биде прв, каква штета“, невкусно коментираше тогаш Дутерте, а неговата канцеларија подоцна се извини за тој коментар.