Контроверзни маски со ликот на Ким Јонг-ун „кренаа прашина“ во Јужна Кореја


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Една јужнокорејска модна и козметичка компанија предизвика контроверзии после пуштањето во продажба на маска со ликот на Ким Јонг-ун.

Од компанијата изјавија дека од јуни оваа година досега продале над 25.000 примероци од оваа маска. Меѓутоа, многу јужнокорејски продавници ја повлекоа од продажба оваа маска поради загриженост околу самата легалност за продажба на истата, а причината е што во Јужна Кореја уште е противзаконски да се говори позитивно за владата од Северна Кореја.

Северна и Јужна Кореја, технички, уште се во војна, иако лидерите од двете земји во повеќе наврати во текот на 2018 година присуствуваа на преговори за денуклеаризација.

Од Обединетите нации, исто така, го критикуваа лидерот на Северна Кореја поради систематските и распространети злоупотреби и прекршувањана човековите права.

Во разговор за New York Times, извршниот директор на компанијата која ги произведува овие контроверзни маски, Квак Хјеон-ју, изјави дека му било желба со своите маски да ја прослави меѓусебната средба на корејските официјални лица, за која смета дека се случува еднаш во животот.

Десетици Јужнокорејци објавија фотографии со маската со ликот на Ким Јонг-ун на социјалните мрежи, која инаку се продава по цена од околу 4 долари.