Контроверзна одлука на Уставниот суд: Го укина член 163 од Законот за банки – еве што значи тоа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Уставниот суд го укина членот 163 од Законот за банки, што го оспори адвокат по барање на здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка. Одлуката е објавена на веб страницата на Уставниот суд, по одржување на денешната седницата, само еден месец откако Судот одлучи да поведе иницијатива за оценување на уставноста, пренесува 360 Степени.

Со оваа одлука, ќе треба да престане примената на овој член од законот, односно, побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити, нема да се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители.

Според подносителите на иницијативата, сите штедачи треба да бидат третирано еднакво и тие со штеден влог до 30 000 евра и тие што имале над 30 000 евра, но и фирмите, кои во домашните закони не се заштитени со минимална сума при пропаѓање на банка. Што и да е напишано во иницијативата, одлуката на Уставниот суд не значи дека се брише границата меѓу малите штедачи до 30 000 евра и оние оние кои имаат влог над таа сума. Единствената правна последица е дека Фондот кој ги обештетува малите штедачи сега потешко ќе доаѓа до парите од пропадната банка, што пак теоретски може да влијае на брзината на исплатата на гарантираната сума.

Одлуката за поведување постапка, откако изрази сомнеж за уставноста на законот, Судот ја донесе на 21 април, но не едногласно. За гласаа пет уставни судии, а четворицата судии кои беа против имаа издвоено мислење. Една од клучните тези во тоа извдоено мислење е што во февруари Уставниот суд ја разгледуваше речиси истата иницијатива, но од друг подносител и тогаш судот одлучи да не поведе постапка.

Не се познати причините поради кои дојде до „смената на соодносот на силите“ од 5:4 „против“ во феврурари на 5:4 „за“ во април и мај. Добро информирани извори велат дека причинита лежи во тоа што еден уставен судија, инаку поранешен универзитетски професор, во меѓувреме го сменил мислењето па преминал од едниот во другиот „табор“.

За оваа иницијатива, пред одлуката за поведување постапка, Судот побара и мислење од Антикорупциската комисија поради можен судир на интереси на двајца судии кои гласаа „за“. Како што објави „360 степени“, судиите Дарко Костадиновски и Елена Гошева имаа декларирани штедни влогови во Еуростандард банката, а Костадиновски дополнително е во блиски пријателско-семејни врски со семејството Костовски кое е најголем акционер во банката.