Контроверзна изјава: Тајни служби на НАТО го организираа атентатот на амбасадорот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сенаторот Франц Клинцевич, кој е заменик-претседател на комисијата за безбедност на Горниот дом на рускиот парламент, во контроверзна изјава тврди:  „Убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов било испланирана акција“, пишува Independent.

Карлов беше застрелан од турски полицаец за време на отворањето на уметничка изложба во Анкара.

Сенаторот Франц Клиневич тврди дека тајните служби на НАТО стојат зад убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов и дека станува збор за планирана акција.

„Сите знаеја дека тој треба да присуствува на изложбата. Обиди да се повреди Ердоган можат да дојдат од ИСИС или од курдската војска. Но, можно е – и многу е веројатно – дека претставници на странските тајни служби на НАТО стојат зад ова. Тоа што се случи е чиста провокација, предизвик. Тоа е предизвик за Русија“, рекол Клинцевич.