Контрацепцијата не е некој новитет: Еве со што некогаш спречувале несакана бременост


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес многу жени секоја вечер, пред излегување во ноќен провод или пред одење во спалната соба, пијат мала таблетка за да спречат можност за несакана бременост. Секако, постојат и низа други начини за спречување на бременост: кондоми, интраутерни влошки, односно спирали, таблети „ден потоа“ и серија други помагала.

Во денешниот научно напреден свет има многу опции за да спречите несакана бременост и жените и мажите можат да ја изберат онаа која најмногу им одговара. Но, дали некогаш сте се запрашале дали и што користеле жените во минатите времиња за да избегнат несакана бременост?

Први обиди за спречување на несакана бременост се појавиле во древен Египет

На ова прашање одговараше професорката Андреа Тон, која ја напиша „Историја на контрацепцијата во Америка“ во која го опишува настанувањето на контрацептивите од 1870 до 1970 година, пренесува Elite Daily. Професорката Тон вели дека поимот „контрола врз раѓањето“ не се користел до 1915 година, кога почнала да го користи активистката Маргарет Сангер. Но, идејата за контрола на раѓањето постоела уште од древни времиња. Забележана е уште на медицинските папируси од стар Египет.

Во 1899 година, археолозите пронашле докази дека древните Египќани користеле вагинални супозитории со состојки како мед и крокодилско гноиво. Според списанието Women’s Health, овој метод требало да ги убие сперматозоидите за да се спречи бременост.

Сунѓери, дијафрагми и апстиненција…

Јасно, крокодилските супозитории и другите рани методи не би требало да ги романтизираме. Многу методи не функционирале, биле небезбедни и нималку естетски удобни. Она што ни го открива историјата е дека желбата за одвојување на сексуалната интимност и бременоста постои со векови.

Како што општеството и цивилизацијата технолошки напредувале, пристапот до контролата на раѓањето уште бил отежнат од строгиот став кон сексот. Во 19-ти век во САД, контрацепцијата се сметала за илегална и опсцена. А луѓето, сепак, секогаш се обидувале да ја спречат бременоста со помош на кондоми, сунѓери, дијафрагми, вагинални супозитории или со периоди на привремена апстиненција.

Некои од овие методи биле опасни. Немало начин луѓето со сигурност да знаат кои методи биле ефикасни или безбедни, вели Тон. Илегалните контрацептивни средства не биле тестирани и прегледувани, а ако некој која жена која ги користела останела бремена или се здобиела со повреда, не постоела одговорност кај продавачот. Жените користеле неколку методи истовремено.

Кондомите денес се масовно достапни

Првото легално контрацептивно средство бил кондомот во 1918 година, вели Тони. Но, не како средство за контрола на раѓањето, туку како средство за спречување на ширење полово преносливи болести. Во текот на Првата светска војна избила епидемија на сифилис. Кондомите кои постоеле тогаш се разликувале од оние кои ги имаме денес.

Денес кондомите се чисти, тестирани, се произведуваат масовно и се нашироко достапни. Повеќето се направени од латекс, но постојат и некои направени од јагнешка кожа.

Првите кондоми биле рачно шиени (се забележува дека луѓето од тие времиња сведочеле дека испакнатите рабови биле прилично непријатни) и не поминувале инспекциски прегледи. А често биле толку скапи, па корисниците сами ги рециклирале.