Конте сака да остане конкурентен за титулата: Тргнува во офанзива по фудбалерот на Барса


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челзи и натаму го држи ритамот во трката со водечките екипи за титулата во ПЛ. Меѓутоа, јасно е дека на тимот од Лондон му треба засилувања доколку сака да остане во трката.

Шпанските медиуми тврдат дека Конте идеалниот играч го пронајде во Шпанија. Наводно, италијанецот е решен на Стемфорд Бриџ да го донесе фудбалерот на Барса, Серџи Роберто.

Роберто под водство на Енрике играше на позицијата десен бек, а оваа сезона повремено игра и на неговата природна позиција на средината на теренот.

Неговата откупна клозула е 40. милиони евра, а тоа за богатите челници на лондонскиот тим не претставува проблем, пишува Спортски.мк.