Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интер синоќа одигра реми 2:2 со Парма на домашен терен и пропушти да го претекне шампионот Јувентус и да се искачи на првото место на табелата.
После натпреварот, Антонио Конте се пожали, потенцира дека нама широк ростер на располагање и дека е загрижен поради тоа.
„Не е лесно да играш секои три дена, на теренот секогаш се истите. Играчите се трошат психички. Треба со клубот да видиме на кои позиции можеме да бидеме подобри. Сега имаме четири натпревари во само 12 дена и навистина сум загрижен“, истакна Конте.
„Денес игравме со повредениот Де Врај, Асамоа има проблеми со коленото. Јасно, ризикувавме и тоа не е добро. Опасно е што ги брзаме младите играчи Еспозито и Бастони, бидејќи немам кој друг да испратам на теренот, тие мораат постепено да се развиваат. Клубот мора да биде внимателен и да овозможи да се подобри онаму каде што може, играњето со исти фудбалери само ќе го зголеми бројот на повреди“, јасен беше Конте.