Конте најави трансфери во јануари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Челзи, Антонио Конте наговести дека клубот ќе биде активен на трансфер пазарот оваа зима.

Челзи игра одлично оваа сезона и е лидер во Премиер лигата, но сепак тимот ќе претрпи некои промени во зимскиот преоден рок. Клубот сигурно ќе го напушти Оскар, можеби и Фабрегас, а ќе пристигнат некои нови засилувања.

„Мораме да бидеме задоволни со оствареното до сега. Сепак, логично е да разговарам со раководството за тоа какви решенија можеме да доведеме на некои позиции. Не знам дали ќе донесеме засилувања во јануари, но мислам дека ќе има некои промени. Јас имам свои идеи и фантастичен однос со раководството, но повеќе сакам за тоа да разговарам со клубот“, изјави Конте.