Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Менаџерот на Челзи, Антонио Конте ги смета како напад изјавите на Жозе Мурињо кој изјави дека некои тренери постојано се жалаат поради повредените фудбалери.
Мурињо кој во два наврати го предводеше Челзи изјави дека одредени тренери постојано „плачат и плачат“ поради повредените фудбалери, а Конте му порача да си ја гледа својата работа.
„Во многу случаи Мурињо гледа што се случува во Челзи. Минатата сезона го правеше истото. Мислам, дека тој треба да си гледа за неговиот тим и да престане да гледа за другите“, јасен беше Конте.
Во мометов во Челзи се повредени Нголо Канте и Дани Дрниквотер, а вчера на мечот против Рома се повредија Давид Луиз и Бакајоко.
„Истите играчи играат постојано. Имаме неколку повредени играчи и поради тоа ситуацијата е вонредна. Јас само се трудам да го вадам максимумот од играчите кои ги имам на располагање“, заклучи Италијанецот.