Конте и Абрамович во „војна“ – дали Италијанецот го напушта Челзи!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Антонио Конте и понатаму го нема продолжено договорот со Челзи, истакнувајќи дека за тоа ќе размислува откако ќе ја освои титулата, а медумите тврдат дека влегов во отворен конфликт со сопственикот Абрамович.

Конте сака да види колку клубот е сериозен во намерата да му направи тим подготвен да ја покори Европа. И понатаму се појавуваат шпекулации за заминувањето на Азар, а тоа секако би значело дека си заминува и Конте.

Тој не сака да потпише договор во кој има клаузула според која ќе мора да му плати на Челзи 50 милиони евра ако сака предвреме да си замине од клубот, а проблем е и стручниот штаб.

Имено, Конте бара неговиот помошник да биде Италијанец, да доведе уште неколку свои луѓе, а клубот инсистира на таа позиција да остане Стив Холанд, бидејќи тоа е традиција помеѓу „сините“.

Токму тоа е проблемот. Се споменува дека Карло Кудичини кој ги задоволува двата критериуми – човек од клубот, но и Италијанец, би можел да биде компромисот, но Конте е познат како човек кој не прифаќа компромиси.

Во секој случај, неговата намера е јасна. Ако сакаат да го задржат во клубот и да потпише нов договор, тогаш во Челзи треба да пристигнат Лукаку и Санчез, и уште неколку засилувања во одбраната и средниот ред.

Од друга страна, не е тајна дека Конте има богата понуда од Интер кој му нуди буџет од 150 милиони евра за засилување, а Италијанецот би сакал да се врати во татковината.