Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Актуелниот шампион Челзи очајно ја отвори сезоната со пораз во Комјунити шилд и во првото коло од Премиер лигата, па Антонио Конте сака додатно да го засили тимот до крајот на преодниот рок.
Италијанскиот стратег сака да го засили нападот, иако ова лето веќе го донесе Алваро Мората за 80 милиони евра од Реал Мадрид.
Англиските медиуми тврдат дека следна мета на „сините“ е напаѓачот на Торино и италијански репрезентативец Андреа Белоти.
Со овој трансфер Конте би можел да го сруши клупскиот рекорд со оглед на фактот што Белоти има откупна клаузула од 100 милиони евра, а Челзи е спремен да ја исплати во целост.
Покрај Белоти, Конте за комплетирање на трансфер пазарот ги сака уште Дринквотер од Лестер и Окслејд Чемберлејн од Арсенал.