Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Челзи и Антонио Конте ја воодушевија целата фудбалска јавност, а Италијанецот почна да ги освојува срцата на сите во Англија.
Имено, пред пет дена по една од официјалните пресконференции на Челзи, менаџерот не им дозволил на новинарите кои редовно го следат Челзи да се упатат кон своите редакции, туку ги повикал на пиво со соседниот бар до „Стемфорд Бриџ“.
„Антонио беше многу пријатен, дури и зборлест. Испивме една тура пиво на негова сметка и минавме еден час во кој пријателски разговаравме на сите фудбалски теми. Мислам дека после овие шест месеци и разговорот во пабот на сите ни е јасно што направи Конте во Челзи за така краток временски период“.
„Остава впечаток дека во секој момент знае што бара од секој од своите фудбалери и дека раководењето со луѓето му е перфектно. Кога ќе се сетам минатата година во овој период Челзи беше на само три бода до зоната за испаѓање, а видете каде е сега“, истакна новинарот на ББС радио, Џин Саутхол.
Челзи вчера го победи Борнмут со 3-0 и ја запиша 12-та победа по ред, серија во која „сините“ примија само два гола.