Конте е веќе бивши – Челзи во дилема: Енрике или Анчелоти?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Веќе е јасно дека Антонио Конте ќе замине од Челзи на крајот на сезоната, но раководството на „сините“ е во дилема за следнот избор.

Имено, Конте на вчерашната пресконференција директно го нападна раководсвото на клубот, а тоа е само доказ дека неговата субина е веќе одредена.

Првото име кое се споменува како иден тренер на Челзи е Луис Енрике, а втората варијанта би била враќање на Карло Анчелоти.

Абрамович се плаши поради тврдоглавоста на Луис Енрике, кој е сличен на Конте и не е лесно да се соработува со него.

За разлика од него, Анчелоти е тренер кој не прави проблеми, секогаш ги слуша наредбите на раководството и се прилагодува на клупската политика.

Раководството на „сините“ се одлучи да го задржи Конте до крајот на сезоната бидејќи не сака да прави големи потреси. Италијанецот има за задача да обедбеди пласман во ЛШ за следната сезона, а и да се обиде да ја елиминира Барселона.

Каков ќе биде изборот на Челзи за следната сезона останува да видиме, но кандидатните се познати – Луис Енрике или Анчелоти.