Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сите претходни шпекулации и најави за наводна партиска режираност на конкурсот за изборот на нов директор на Младинскиот културен центар во Скопје и именување на таа функција на музичарот Бени Шаќири засега останаа само тоа – шпекулации, откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави дека конкурсот бил поништен. Бени не стана нов директор на МКЦ, а на функцијата в.д. директор останува актуелниот, продуцентот Русе Арсов, пренесува Фокус.
Кога во месец февруари за медиумите Бени ја потврди веста дека аплицирал на конкурсот за директор на МКЦ, истата наиде на бурни реакции кај дел од културните работници.
Во отворено писмо до премиерот Зоран Заев тие апелираа да не се прават промени во владејачката структура на МКЦ во Скопје. Обвинија дека наводно, Бени веќе ја прославувал новата функција, директор во МКЦ и посочија дека тој го нема потребното искуство да раководи со институцијата.
Музичарот за „Фокус” тогаш изјави дека нема да го коментира писмото. Денес, на прашање од Фокус дали можеби е разочаран поради поништувањето на конкурсот, вели дека нема место за разочарувања и дека на следниот конкурс повторно ќе конкурира за функцијата.