Конференција за потребите на младите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На 17 април, 2018 година се одржа Конференција „Препознавање на потребите на НЕЕТ групата на млади преку политиките за млади и младинско информирање“, која Коалиција на младински организации СЕГА ја организира во хотел Континентал, Скопје.

Овој настан е дел од проектот „Младинските информативни центри по мерка на потребите на NEET групата на млади” кој го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со УМКИ од Хрватска и АЕИ од Полска. Партнер организациите работат на иновативен пристап во идентификување на модели на младинско информирање кој ќе одговара на потребите на младите од групата на NEET. (Млади во групата на NEET се лица на возраст од 15 – 30 години кои не се ниту во образовен процес, ниту во работен однос, ниту во процес на некаква обука).

На Конференцијата учествуваа 50 учесници, претставници на локални и национални институции и организации, граѓански организации кои работат со млади од NEET групата во Македонија како и претставници од истиот профил од Хрватска и Полска. Воедно на конференцијата беше презентирана и Анализа на потреби „Улогата на младинските информативни центри во социјалната инклузија на младите од НЕЕТ групата“.

„Оваа конференција ќе донесе нови искуства и пракси за опфат на NEET групите на млади во Македонија со што Коалиција СЕГА сака да обезбеди значителен придонес во спроведувањето на Младинската гаранција во Македонија или мерките за поддршка на вработување на младите“, рече Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА.

Младите сакаат да се информираат Online. 91 %.од испитаниците имаат интернет пристап и сакаат да бидат информирани преку веб страни и социјалните мрежи. На 59% никој не им обезбедил информации за вработување, обука и образование, се вели во истражувањето од СЕГА.

„Силно верувам дека проектот што го спроведуваат невладините организации од Македонија, Хрватска и Полска е голем чекор кон подобрување на состојбата на младите луѓе на пазарот на трудот. Клучот е во тоа што тие започнаа со сеопфатна анализа на состојбата на групата на млади NEET, што е важно затоа што има многу малку веродостојни студии на оваа тема во нашите земји. Ова ќе овозможи развивање на специфични алатки прилагодени на потребите на младите луѓе кои ќе ги користат во иднина, како што се новите технологии. Во моментов работам во локалната администрација во еден од најдобрите проекти во Полска за социјална ревитализација, каде што младите се клучни партнери за нас. Сигурен сум дека препораките од овој проект ќе бидат корисни и за нас“, рече Камил Станос од Општина Стараховице, Полска.

„Партнерската организација од Хрватска, Регионалниот инфоцентар за млади во Риека, исто така, спроведе анкета со која се покажа дека младите луѓе во ситуацијата со НЕЕТ се тешко достапна популација. За жал, во Хрватска се соочуваме со заминување на младите луѓе од земјата токму поради потрага по работа. Постои јасна потреба да се воведи иновативен пристап кој ќе им обезбеди на младите од групата на NEETs кој ќе им обезбеди потребни информации и ќе ги зголемат нивните шанси за вработување и ќе останат да живеат во нивната земја“, вели Драгана Токовиќ, проектен координатор од УМКИ, Хрватска.

Проектот „Младинските информативни центри по мерка на потребите на NEET групата на млади” има за цел да се зголеми квалитетот на младинската работа во адресирањето на потребите на NEET во Европа како и да се воведе и примени иновативен пристап на младинско информирање за активно вклучување на NEET во општеството. Проектот го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со АЕИ од Полска и УМКИ од Хрватска со поддршка од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност преку Програмата Еразмус +, клучна акција 2: стратешки партнерства во областа на младите.