Конечно во јавност: Враќањето со стил на Меланија Трамп


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После отсуство од јавноста од речиси еден месец, поточно 27 дена, првата дама на САД, Меланија Трамп, се појави пред медиумите придружувајќи го нејзиниот сопруг, ретседателот на САД Доналд Трамп.

Два дена претходно првата дама присуствуваше на официјален настан на кој не беше дозволено присуство на медиумите. Меланија Трамп отсуствуваше поради закрепнување од операција на бубрегот.

Трамп побрза да ги искритикува медиумите кои објавуваа гласини за добросостојбата и здравјето на Меланија, како и за нивната врска и ѝ се обрати на сопругата со зборовите: Луѓето те сакаат, драга.