Конечно вистински пролетен ден


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Времето денеска ќе биде претежено сончево со максимална температура до 21 степени Целзиусови. Според податоците од УХРМ, до петок ќе се задржи претежно сончево време. Минималните температури денеска на повеќе места ќе се спуштат малку под нула, а потоа ќе бидат во постепен пораст.

Денеска најтопло ќе биде во Гевгелија со температура до 21 степен, потоа во Демир Капија со температура до 20 степени. Во Струмица и во Штип – 19 степени, во Скопје, Свети Николе 18 степени, во Тетово и Битола 17 степени, во Прилеп 16 степени, во Охрид, Крива Паланка 15 степени, и во Берово 13 степени.

В сабота ќе има зголемена облачност и од попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Во ноќта кон недела и в недела претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни и ќе се преместуваат кон исток. За време на викендот ќе дува засилен ветер, в сабота од јужен, а в недела од западен правец. До недела дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините.