Конечно се случи и тоа – некој да го издрибла Ван Дајк (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вирџил ван Дајк е најскапиот дефанзивец во светот, но со своите партии оваа сезона покажа дека е и еден од најдобрите, ако не и најдобриот стопер во светот.

Холанѓанецот беше избран за најдобар фудбалер во Премиер лигата оваа сезона, а сигурно ќе биде и во конкуренција за „Златната топка“.

Ван Дајк имаше импресивна статистика и беше единствен дефанзивец кој не дозволи да биде издриблан од противнички играч.

Тоа конечно му успеа на Бернардо Силва во финалето од Лигата на нации кога го издрибла Холанѓанецот.