Конечно ѝ се извини!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот актер Бред Пит, кој моментално се разведува од Анџелина Џоли, го понуди своето извинување кон својата прва сопруга Џенифер Анистон поради болката која ѝ ја нанесе со разводот.

Пит почна да ги исправа грешките и да бара прошка од сите на кои им предизвикал болка и страдање, а Џенифер Анистон е прва на тој список кај актерот.

После разводот од Џоли, Бред почна да посетува терапија и престана да пие алкохол, а ова извинување е уште една во низата позитивни промени во животот на актерот.

Како што наведуваат нејзините пријатели, Анистон го прифатила извинувањето и го советувала Пит да се фокусира на иднината.