Конечно откриено: Зошто Лукаку се мачеше во Јунајтед, а блеска во Интер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ромелу Лукаку пред почетокот на сезоната пристигна во Интер од Манчестер Јунајтед и тоа се покажа како одличен потег на миланскиот клуб.

Лукаку минатата сезона беше еден од најлошите играчи на Манчестер Јунајтед и мниогумина не знаеа што се случува со Белгиецот. Се шпекулира дека слабата форма била резултат на слабата физичка подготвеност, односно напаѓачот имал неколку килограми повеќе па брзо се заморувал.

Меѓутоа, со неговото доаѓање во Интер, Лукаку се препороди и игра фантастично па на 30 натпревари веќе постигна 21 гол.

Англиските медиуми тврдат дека во Интер веднаш го детектираше проблемот, кој не можеле да го откријат на „Олд Трафорд“.

Лукаку имал дегестивен проблем поради кој качувал повеќе килограми. Лекарскиот тим на Интер за неколку дена ја открил дијагнозата, па напаѓачот веднаш бил ставен на специјален режим на искрана и симнал три килограми за 12 дена.