Конечно „ќе фрлиме око“: Во август пристигнува фамозниот Z4


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После најавите и скокоткањето на јавноста со блиц информации и протечени податоци, светот конечно ќе има можност да ја види новата генерација на “Z4” на манифестацијата Pebble Beach.

Сепак, BMW тогаш само визуелно ќе го претстави овој модел, додека сите детали околу новиот “Z4” ќе бидат откриени на Саемот за автомобили во Париз. Покрај тоа, од BMW открија уште еден интересен податок.

Имено, новата генерација на “Z4” во најмоќната варијанта ќе го користи новоразвиениот 6-цилиндарски мотор. Баварците не сакаа да откријат повеќе детали околу овој мистериозен агрегат, но потврдија дека е „екстремно моќен“.

После претставувањето на “Z4”, се очекува наскоро и Toyota да се пофали со новата “Supra”.

За баварски BMW следните неколку месеци се многу важни, со оглед на тоа што ги очекуваат две многу важни премиери. Иако баварскиот гигант оваа година ја означи како „Х година“, односно период за пласман на нивните SUV модели, сепак наголемо се очекува премиерата на „Серија 8“ која што е закажана за 15-ти јуни во Ле Ман.