Home Наука и техонологија Конечно ја „чкрапнаа“: Хабл ја фотографираше гигантската бура на Нептун

Конечно ја „чкрапнаа“: Хабл ја фотографираше гигантската бура на Нептун

Телескопот Хабл регистрираше темна бура на Нептун од огромни размери – толку голема што на Земјата би се протегала од Португалија до Бостон.

Оваа бура прв пат беше забележана од леталото Војаџер 2 кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век, а Хабл се обидува да ја фотографира уште оттогаш.

Кога научниците прв пат ја виделе бурата процениле дека се протега во појас долг 4.989 километри, а неговата должина сега изнесува околу 3.700 километри, што е знак дека таа се намалува.

Научниците сметаат дека се состои од водород сулфид, но се уште не знаат многу за неа. Врз основа на предвидливите насоки на ветровите на Нептун, се смета дека бурата ќе исчезене кога ќе се приближи до екваторот, но наместо натаму, таа сега се движи кон јужниот пол.

Бурите на другите планети може да траат од неколку години до неколку векови. Големата црвена точка на Јупитер најверојатно трае од 17. век, додека најдого забележаната бура на Земјата траела 31. ден.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…