Конечно „ги отворија ќесињата“: Еве колку заработиле Путин и Медведев во 2016


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот и премиерот на Русија ги објавија своите официјални примања во 2016 година. Според објавените изјави, и Владимир Путин и Дмитриј Медведев имаат заработено околу 150 илјади американски долари. Судејќи според изјавите, ниту едниот, ниту другиот немаат недвижности во странство и возат исклучиво автомобили од домашно производство.

На сајтовите на Кремљ и на владата на Русија на 14 април беа објавени изјавите за приходите на претседателот на државата и на членовите на владата. Во изјавите се наведува колку највисоките функционери во Русија заработиле минатата година, а исто така се набројува и подвижниот и недвижниот имот кои се во нивна сопственост.
Претседател со приколка

Владимир Путин во 2016 година заработил 8.858.432 рубли (156.504 американски долари). Приходите на Путин останале речиси исти како и претходната 2015 година кога имаше заработено 8.891.777 рубли (157.093 американски долари), односно сега неговата заработка е помала за околу еден процент. Покрај парите претседателот на Русија има пријавено парцела од 15 ари, стан (77 метри квадратни) и гаража (18 метри квадратни).

Владимир Путин поседува и два руски автомобила од марката „Волга“ (ГАЗ М-21 и ГАЗ М-21-Р), руско теренско возило „Нива“ и посебно пријавена автомобилска приколка „Скиф“. Автомобилите, авионите и хеликоптерите што ги користи рускиот претседател за службени потреби не се на овој список зашто се во сопственост на државата.

Претседателот на владата на РФ Дмитриј Медведев исто така поседува исклучиво руски автомобили, и тоа мошне стари: ГАЗ20 „Победа“ од 1948. година и ГАЗ21 „Волга“ од 1962. Семејството Медведев има и еден „Голф“, но тој е регистриран на име на сопругата на рускиот премиер Светлана. Од недвижнини Дмитриј Медведев има пријавено стан од 367 квадратни мери и парцела од 47 ари што ја има изнајмено на 49 години.

Кога станува збор за платата, Медведев во 2016 година официјално има заработено 8.586.974 рубли (151.708 американски долари), значи нешто помалку од Путин. И неговите примања се помали во однос на претходната година. Имено, Медведев во 2015 година имаше заработено 8.767.882 рубли (154.904 американски долари) што е за 2 насто повеќе од 2016 година. Неговата сопруга, судејќи според изјавите, не е вработена. Таа во 2016 година има заработено нула рубли.

Извор: rbth.com