Конечно е откриено: Што може да очекувате од новиот Samsung S9?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Самсунг на саемот за електроника потврди дека во јануари ќе може да се виде најновата верзија од неговата С серија, односно моделот С9 и С9+.

Уредот официјално ќе биде претставен на 5 февруари на конгресот за мобилни во Барселона.

На интернет се појавија голем број шпекулации за спецификациите на уредот и добивме впечаток дека Самсунг нема со што да не изненаде.

Можеби најточно предвидување понуди Хуан Блас, кој е познат по многуте бројни точни податоци кои во минатото ги изнесе пред официјалното претставување на уредот.

Според него, телефонот доаѓа со 5.8 инчи АМОЛЕД дисплеј и 6.2 инчи за С9+ верзијата.

Освен разликите во големината на дисплејот, С9 и С9+ ќе се разликуваат и по количината на достапни работни мемории. С9 доаѓа со 4ГБ рам и 64 ГБ меморија, додека С9+ ќе располага со 6ГБ рам и 128 ГБ простор.

Кога е камерата во прашање, С9 ќе има само еден објектив на задната страната, додека С9+ ќе биде со два објективи.

Блас верува дека нема да има големи дизајнерски промени, иако одредени шпекулации тврдат дека компанијата работи на возбудлив нов дизајн.

13 март е датумот кога овој уред официјално ќе биде пуштен во продажба.