Конечно договор: Мегваер стана најскап дефанзивец во историјата!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Конечно заврши сагата околу трансферот на Хари Мегваер. Манчестер Јунајтед и Лестер постигнаа договор за трансфер тежок 85 милиони фунти.

Двата клуба веќе подолго време беа во преговори за трансфер на Мегваер, но никако не можеа да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.

Од „Кинг Пауер“ одбија понуда од 70 милиони фунти од „црвените ѓаволи“ и за слободата на својот дефанзивец бараа 90 милиони фунти.

Денес конечно е постигнат договор откако Манчестер Јунајтед понуди 85 милиони фунти, а Лестер ја прифати понудата.

26-годишниот Англичанец стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, а утре треба да пристигне во Манчестер на лекарски прегледи и да го комплетира трансферот.