Конечни резултати: Пендаровски – 436.212, Силјановска – 377.713 гласа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, со освоени 51,66% (436.212) гласа од 100% пребројани гласачки ливчиња, стана претседател на Република Северна Македонија. Неговиот главен противкандидат, Гордана Силјановска-Давкова, која беше поддржана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, освои 44,73% (377.713) гласа од вкупниот број на излезени гласачи во вториот круг од изборите.3,61% (30.442) од гласачките ливчиња беа неважечки.

Претседателот на Државната изборна комисија го прогласи Пендаровски за победник на претседателските избори.

„Му честитам на Стево Пендаровски на изборот и се надевам дека функцијата ќе ја извршува успешно“, рече Дерковски на синоќешната прес-конференција.

Тој рече дека вкупно на гласање излегле 46,44 отсто од граѓаните или 816.649 од вкупно запишаните 1.808.131 во Избирачкиот список и додаде дека изборите поминале во фер и коректна атмосфера, а до ДИК во текот на денот не пристигнале никакви забелешки за нерегуларности на избирачките места.