Конечна одлука: Нема повеќе зимско лудило во Премиер лигата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) денес донесе конечна одлука од сезоната 2019/20 да се воведе зимска пауза во сите професионални лиги во Англија.

Иако кај сите европски лиги има зимска пауза, тоа правило не важеше кај Англичаните. Токму во тој период за Боксинг деј и Нова Година, во Премиер лигата имаше „празничен распоред“ па клубовите играа на неколку дена.

Сега таквата пракса ќе се промени, бидејќи ФА одлучи да воведе двонеделна пауза од сезоната 2019/20, па фудбалерите ќе можат да се одморат.

Готово сите клубови во Англија ја поддржаа ваквата иницијатива, па се чекаше само конечната одлука на Федерацијата.