Home Спорт Конечен резултат 86:15 – не, не во кошарка, туку во ракомет

Конечен резултат 86:15 – не, не во кошарка, туку во ракомет

Чуден конечен резултат беше забележан во српското ракометно првенство.

ЖРК Темерин на домашен терен против ЖРК Равангард на 30. април во рамките од Првата лига на Војводина славеше со 86:15, додека на полувремето беше 43:5. Првиот дуел во шампионатот помеѓу овие две екипи заврши со нормален резултат 33:19.

Што се случи сега?

Равангард за овој натпревар имаше само седум ракометарки, но тоа можеби не е единствената причина. Темерин се бори со Рум за пласман во повисок ранг, а ќе одлучува гол-разликата затоа што двата нивни меѓусебни дуели завршија со нерешен резултат.

Рум пред ова кола имаше значајно подобра гол разлика и тоа за 58 бодови, но таа разлика сега значително е намалена иако овој тим славеше против Мокрин со 47:18. Сега таа разлика изнесува само 16 голови, а до крајот на сезоната има уште две кола.

Дали натпреварот кој заврши 86:15 беше наместен или не расудете сами…

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…