Комуникација во семејството


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Комуникацијата е  срцето на се што работиме. Таа мора да биде поврзана со она што го мислиме, со чувствата, желбите, потребите и идеите.

Секој родител дава се од себе да му овозможи на своето дете се што му е потрбно. Но, според важноста, на исто скалило, за правилен психички и ментален развој на децата би го ставиле и квалитетот на меѓусебните односи во семејството. Иако се мали, децата уште во најраната возраст ги препознаваат и чувствуваат недоразбирањата, затегнатите односи меѓу членовите на семејството, па дури и во пошироката фамилија.

Релациите на взаемни односи се одвиваат во повеќе насоки со сите членови во семејството. Од тие причини родителите поради големиот број обврски што ги имаат некои моменти ги занемаруваат или пак не можат да ги согледаат. Ако подолго време односите меѓу кои било членови од семејството се нарушени, може да се појават проблеми од кои ќе страдаат сите. Односите во семејството директно влијаат на формирањето на личноста на детето. Особено ова е битно во раниот детски развој кога се ставаат темелите на неговите ставови и однесување. Вредностите и навиките кои ќе му бидат пренесени од родителите директно влијаат на неговиот емоционален рзвој. Вклучување на родителите не подразбира само вклучување во активностите, настаните и програмите кои го сочинуваат детскиот свет, туку и доволно добро познавање и разбирање на детето за да се знае што значи определено негово расположение или како тоа се снаоѓа во тешки околности и ситуации. Партнерството на родителите прионесува за подобро усогласување на домашната средина и средината за учење.

Позитивната комуникација се фокусира на почитта која ја имаме спрема детето, вклучувајќи ги зборувањето и слушањето подеднакво. Во тој поглед децата се осетливи не само на содржината на кажаното, туку уште повеќе на тонот на гласот, невербалната комуникација како и емоцијата која ја носиме и изразуваме. Позитивната комуникација води кон нега и зацврстување на врската, градење соработка и чувство на вредност. Слабата комуникација пак може да ги води децата кон чувство на безвредност, конфликти и недоразбирања. Главната улога на родителите е одгледувњето на независни, самомотивирачки деца кои се во можност соодветно да ја користат поддршката од страна на родителите и пријателите. Степенот на независност кој може да се очекува од децата зависи од нивната возраст, можности и ситуација.

Комуникацијата помеѓу родителот и детето започнува уште со самото раѓање. Бебето комуницира преку плач, насмевка, испуштање на звуци и сл. По одреден период оваа комуникација преминува во вербална. За децата е многу важно постојано да се опкружени со внимание. На многу родители полесно им е да ги кажуваат забелешките упатени кон детето отколку да го пофалат и да му дадат позитивен подстрек. Тоа е грешка. Позитивните зборови, зборовите полни со љубов ќе поттикнат кај детето поголема желба да соработува и да комуницира. Позитивните зборови кои му се кажуваат ќе имаат влијание и кога тоа ќе стане возрасна личност. Детето треба да се охрабрува на тој начин со кој ќе се употребуваат пофалби. Треба да се употребуваат следните или слични зборови: добро, одлично го направи тоа, одлична идеја, прекрасно, така треба, се радувам што си мое дете и тн.

Извадок од списанието „VOX“ публикувано од студентите на Институтот за семејни студии,

Тамара Најдановска
Институт за семејни студии, Филозофски факултет