Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Научници од Универзитетот во Бостон и од една болница во Масачусетс тврдат дека алкохолизмот причинува поголеми проблеми на женскиот, отколку на машкиот мозок и психа.
Системoт за регулирање на емоциите во мозокот се состои од амигдала и хипокампус, коишто меѓу другото, имаат удел во креирање на меморијата, но и на донесувањето одлуки.
Во истражувањето учествуваа 60 лица, 30 мажи и 30 жени, поранешни долгогодишни зависници од алкохол, и доброволци кои никогаш не биле алкохоличари. Рехабилитантите биле на својот режим во период од четири седмици до 38 години, индивидуално. Сите беа подложени на невропсихолошки проценки и магнетна резонанца.
Резултатите покажале дека штетните последици по мозочната функција кај жените алкохоличарки се поголеми, отколку оние кај мажите.
– Овие откритија ни кажуваат дека треба да се земат предвид и половите разлики при лекувањето од алкохолизам, вели Гордон Харис, кој е дел од експертскиот тим.
Инаку, секоја „трезна година“ по рехабилитацијата значи 1,8-настотно намалувње на количеството мозочни вентрикули, што покажува дека обновувањето на мозокот од последиците од алкохолизмот, е возможно.