Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Еден од најлуксузните и најскапо проценетите имот на Флорида е лоциран на Палм Бич, а се наоѓа на еден километар од приватниот имот на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Имотот во кој спаѓа луксузна вила, плажа, базен, теретана и други содржини чини 135 милиони долари и е сопственост на бродвејската продуцентка Тери Ален Крејмер.
Таа го продава целиот имот, со луксузниот мебел и украсите инспирирани од италијанските замоци.
Влезот е во мермер, висок осум метри. Потоа се преминува во бројни дневни соби на приземјето. Собите се поврзани со ходници направени од тробоен мермер.
Во куќата има неколку трпезарии. Главната спална соба е со големина на простран стан. Слична големина има и главната бања.