Композиција стара 3.400 години: Вака звучи најстарата позната музичка мелодија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најстарата позната музичка мелодија, таканаречената 6. Хурианска химна, чии записи беа откриени во 1950-те години во Угарит, денешна Сирија, на лира ја изведе талентираниот Мајкл Леви.

Музичката композиција беше интерпретирана од доктор Ричард Дамбрил. Тој има напишано цела книга со наслов „The Archaeomusicology of the Ancient Near East“.

Записот за музичката композиција бил зачуван на 3.400 години стара глинена плоча, напишана на хуриански јазик. Иако се откриени и фрагменти од многу постар сумерски музички текст, кои датираат од 1950 година пред наша ера (Музички инструкции за Липит-иштар, Крал на правдата), сепак тие содржат ништо повеќе од мелодиски интервали и напомена во кој такт да се свири. Поради тоа, Хурианската химна е најстарата запишана и целосно зачувана мелодија досега откриена во историјата на човештвото.

Иако во Угарит биле откриени 29 музички записи, само записот број 6 бил во целосно зачувана состојба која овозможила комплетна модерна академска музичка реконструкција.

Иако откриена на територија на денешна Сирија, Хурианите не биле Сиријци. Тие потекнуваат од денешна модерна Анадорија. 6. Хурианска химна потекнува токму од самиот крај на Хурианската цивилизација (околу 1400 година пред наша ера). Хурианската цивилизација датира од најмалку 3000 година пред нашата ера. Поради тоа, откриените музички записи во Угарит можеби имаат зачувано света музика на Хурианите која дотогаш веќе била неколку илјади години стара.