Комплетната управа на Јувентус си поднесе оставка – не е исклучена можноста клубот да биде вратен во Серија Б


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера италијанскиот и европскиот фудбалски свет ги потресе веста дека комплетната управа на Јувентус даде оставка. Причините не се потврдени, меѓутоа се шпекулира дека заминувањето е поради истрагата за финансиски малверзации со вредноста на трансферите.

Под истрага освоен Јувентус се уште Наполи и Сампдорија, меѓутоа кај „старата дама“ има сомнеж за дополнителни малверзации. Во 2020 година за време на пандемијата на 23 првотимци на Јувентус потпишале анекси договори за намалување на платата во тешкиот период.

Меѓутоа во обвинителството се тврди дека тие анекси биле фиктивни, а Јувентус тие пари на играчите им ги исплатил на незаконски начин со што не плаќал данок за таа сума.

Порталот „Фудбал Италија“ истражува и не ја исклучува можноста Јувентус повторно да биде исфрлен во понизок ранг како во 2006 година. Тоа е можно ако биде утврдено дека со финансиските малверзации се помогнало Јувентус да го регистрира тимот за натпреварување во Серија А.

Андреа Ањели, заедно со Павел Недвед и Маруицио Аривабене, но и сите членови на Бордот на директори, се повлекоа од раководните позиции на Старата дама. Клубот во наредниот период ќе го води Маурицио Сканавино. Сканавино е телекомуникациски инженер кој нема искуство во фудбалот.

Тој е близок човек на Џон Елкан, роднина на Ањели и починатиот Серџо Маркионе. Сканавино бил избор на Елкан кој е на највисоко менаџерска позиција во компанијата која е сопственик на управувачкиот пакет акции на Јувентус.

Ањели имаше и обраќање до навивачите:

Јувентус е еден од најголемите клубови во светот и оние кои работат или играат тука, знаат дека резултатот производ благодарение на работата на целиот тим.

Нашата историја и ДНК не навикнаа да победуваме. Од 2010 година ја почестивме нашата историја со извонредни резултати: Стадион, 9 Скудета по ред, први во Италија со серии Netflix и Amazon Prime, J|Medical центар, 5 последователни Скудета кај жените. Потоа, договорот со Фолксваген (малкумина знаат за тоа), финалињата Берлин и Кардиф (за кои најмногу жалиме), договорот со Адидас, следната генерација Coppa Italia, првиот клуб што претставува тимови во Извршниот Комитет на УЕФА, Ј|Музејот и уште многу повеќе.

Часови, денови, ноќи, месеци и годишни времиња поминати со цел секогаш да се подобруваме. Бернабеу, Олд Трафорд, Алијанц Арена, стадионот Вестфален, Сан Сиро, Георгиос Караискакис, Селтик Парк, Камп Ноу: каде и да одевме тимот беше обединет, од никого не се плашевме. Кога тимот не е обединет, тогаш тоа им го отвора патот на противниците и тоа може да биде фатално. Во тој момент, мора да имате остар ум за да ја намалите штетата: Се соочуваме со деликатен момент како клуб и нема единство. Подобро да заминеме сите заедно давајќи можност за нов тим да направи пресврт.

Нашата совест ќе биде нивен предизвик: да се виде на вистината на историјата на Јувентус. Ќе продолжам да замислувам и да работам за подобар фудбал, поткрепен со фразата на Фридрих Ниче: „Оние што беа видени како танцуваат, беа третирани како луди од оние што не можеа да ја слушнат музиката“. Запомнете, насекаде ќе се препознаеме со еден поглед: Ние сме луѓе на Јуве. Одиме до крај“.