Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До крајот на англиската Премиер лига остануваат уште 11 кола. Манчестер Сити е на врвот и изгледа незадржливо со дури 16 бода предност пред градскиот ривал Јунајтед.
Англичаните преку специјален компјутер пресметаа како ќе изгледа табелата и после последното коло. Без дилеми титулата ќе оди на „Етихад“, но остатокот од табелата изгледа многу интересно.
Според супер-компјутерот, кој ги пресмета сите можности, Манчестер Јунајтед ќе заврши на второ место, Ливерпул како трет, додека дуелот за четвртото место ќе го освои Тотенхем и тоа пред Челзи и Арсенал.
Борбата за опстанок очекувано ќе донесе доста возбудувања. Компјутерот тврди дека следната сезона во Чемпионшип ќе играат Саутемптон, Стоук и ВБА.