Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сопственикот на модниот гигант „Зара“, „Индитекс“, има во план да затвори 1.200 продавници во светот. „Индитекс“, кој важи за најголем светски продавач на облека, го најави затворањето кога извести дека паднала продажбата во првиот квартал поради пандемијата на коронавирусот.
Компанијата, која поседува модни брендови, меѓу кои се „Зара“, „Масимо Дути“ и „Пул и Бер“, има речиси 7.500 продажни места во 96 земји.
Затворањето на продавниците е дел од новата стратегија на шпанската компанија вредна 4,5 милијарди долари, која ќе инвестира во нови технологии со цел на клиентите да им го олесни купувањето преку интернет.