Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Винсент Компани после 11 години и 360 одиграни натпревари го напушти Манчестер Сити и се врати во Андерлехт.
Искусниот дефанзивец во „Етихад“ пристигна во 2008 година од Хамбургер, а во меѓувреме тој освои 12 трофеи и се стекна со легендарен статус.
За повеќе од една деценија многу играчи поминаа низ соблекувалните на „граѓаните“, но легендарниот Белгиец направи идеален тим составен од своите поранешни соиграчи.
На голот го стави Џо Харт, а во последната линија од тимот, покрај себе ги стави и Џон Стоунс, Пабло Забалета и Гаел Клиши.
Средниот ред го сочинуваат, Јаја Туре – Кевин Де Брујн – Давид Силва, а во нападот се Тевез, Стерлинг и Агуеро.