Комисиска препорака за одземање на мандатот на Груевски – во Собрание нема двотретинско мнозинство за тоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, со која претседава Павле Богоевски, препорача одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

Но, Собранието нема да собере двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на Никола Груевски. Петмина пратеници од вкупно девет заклучија дека Груевски не е достоен да биде пратеник откако е правосилно осуден на две години затвор.

„Како пратеник во Собранието барам од комисијата за манднатно имунитетни прашања да донесе одлука за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.“ – изјави Александар Кирацовски.

„Комисијата со мнозинство гласови заклучи до Собранието да поднесе извештај со предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевскиврз основа на добиено известување од Основниот суд Скопје 1, Скопје.“ – изјави Павле Богоевски.

Опозицијата најави дека ќе гласа против одземање на мандатот и ја напушти комисиската расправа. Трајко Вељаноски констатираше дека на сопартиецот Груевски му се врши притисок и политички прогон.

Откако опозицијата ја напушти Комисијата, внатре влезе новоформираната  пратеничка група сега веќе исклучени од ВМРО-ДПМНЕ. И тие нема да  гласаат за одземање на мандатот на Груевски, но во образложението не ја анализираа кривичата одговорност на некогашниот сопартиец. Одлуката ја донеле во име на помирувањето.

Мандатот на Груевски траба да дојде и на дневен ред на пленарна седница. Но, независно од исходот, тоа не го спречува одењето во затвор. За тоа треба да одлучи Кривичниот совет, кој чека да се комплетираат сите жалби. Од скопска единица потврдија дека стигнале 4 жалби  од адвокатите. Се чека и Груевски лично да поднесе жалба за да му се одложи затворот. Поканата гласеше за утре, 8ми ноември сам да се пријави во затворот во Шуто Оризари. Но, овој рок се пробива поради жалбените рокови. Груевски и денеска се воздржа од коментар.

Доколку Груевски го чека последниот рок за поднесување жалба и ја поднесе по пошта, таа би стигнала во петок. Од судот велат можно е уште веднаш Кривичниот совет да одлучува, дали ќе го прати екс премиеротзад решетки или ќе ја одложи затворската казна со нов рок.