Home Актуелно Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативна оценка за името „Иван Михајлов“ за бугарскиот културен центар во Битола

Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативна оценка за името „Иван Михајлов“ за бугарскиот културен центар во Битола

На денеска одржаната седница, Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од страна на здружението Културен Центар „Иван Михајлов“ – Битола.

Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе одлука по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата.

„Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост,нетолеранција и омраза во македонското општество“, соопшти Комисијата.

Комисијата заседаваше во полн состав. Претседател на Комисијата за употреба на имиња на личности е проф.др Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ. Нов член е и Евгениј Литовски-кустос, историчар во Министерството за култура.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…