Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања, со која претседава Павле Богоевски, наместо денес, утре ќе ја одржи седницата на која ќе се разгледува прашањето за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.
Првично седницата на Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања беше закажана за 6 ноември, а сега на собранискиот сајт стои 7 ноември. Одлуката прво се разгледува на комисија, а за да му се одземе мандатот потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници.
Но, извесно е дека Груевски ќе си го задржи мандатот, бидејќи за одземање мандат е потребно двотретинско мнозинство, кое власта го нема, откако независната пратеничка група, составена од осуммината пратеници од опозицијата кои гласаа за отворање на уставот, соопшти дека нема да даде поддршка.
Поранешниот премиер, пак, има уште една можност да го одложи одењето во затвор. Тој може да ја обжали одлуката од судијата за извршување санкции. Судијата одлучи да не му го одложи одењето во затвор, Груевски има три дена да поднесе жалба до Кривичен совет, а Советот има исто толку денови за одлука, па тоа може да му го одложи одењето во затвор за неколку денови.