
Комична ситуација беше забележана синоќа во Примера, на натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Валенсија.
Имено, Шефот на стручниот штаб на Валенсија, Марселињо се повреди додека го славеше погодокот за неговиот тим.
Заза постигна победнчки гол (2:3) на пет минути пред крајот, а Марселињо нагло скокна од клупата и го истегна мускулот.
„Се додека сум само јас повреден нема проблем. Јас сум сепак тренер“, се пошегува Марселињо на сопствена сметка.