Комичната опера „РИТА“ во МОБ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во сабота, 17 септември, 2016 г. со почеток во 20 часот, на Малата сцена во Македонската oпера и балет ќе биде изведена камерната комична оперска претстава, „Рита” од Гаетано Доницети.

„Рита” е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите, на брачните недоразбирања, со комичен, но среќен завршеток.

Настапува млада солистичка екипа, која ја сочинуваат: Полина Тасева, како Рита, Јане Дунимаглоски, Невен Силјановски и Борко Биџовски

Режисер е Трајко Јордановски, а диригент: Ѓурѓица Дашиќ.