Коментар: Секое социјалистичко дело завршува како студентскиот „Гоце Делчев“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Секое социјалистичко дело завршува како студентскиот дом Гоце Делчев. Ред за храна, која ја има само во строго определено време, катастрофални услови за живот, топла вода во ретки моменти, неснабдени продавници и на крајот корупција за да добиеш место… Зошто? Бидејќи целиот систем се заснова на непазарни, социјалистички мотиви.

(Доколку мотивите се пазарни, тој што ја нуди услугата „престој во студентски дом“, ќе мора да понуди подобра храна во секој момент, снабдени продавници, подобри соби и тн., и се разбира ќе има конкуренција меѓу домовите кој да привлече поголем број на студенти)

12.03goce3

И ова со Гоце не е наше ексклузивно дело – цел социјалистички блок држави страдаше од истата болест со децении, пресликана во разни облици од општествениот живот. И на остатоците кои се засноваат на истите „социјални“ столбови им се случува истото, се разбира воглавно во посткомунистичките држави.

12.03goce3Ред за храна во „Гоце“

u05_04271293
Ред за храна во советска Русија

Западниот свет, каде што „клетиот капитализам“ овозможува полн буџет нашол две решенија како се прават добри студентски домови.

1. Државата како сопственик да вложува пари (кои повторно во голем дел ќе ги лапне матната) и да се обиде да ја подобри состојбата.
2. Домот да се приватизира и конечно да застане на здрави нозе.

Не знам зошто, ама мене историската наука ме посоветува дека подобро е второто, особено во држава која нема либерална традиција.

П.С. За Гоце да заличи на асолен студентски дом веројатно се потребни многу повеќе пари, отколку да се изгради нов со ист толкав капацитет.
П.П.С. На времето (не знам за сега) се плаќаше пари за КЗЖ, демек културно-забавен живот, а всушност турбофолк диско кое бувта на 6-ти спрат…. на кого му текна на тоа, алал да му е!

Советска продавница во 1986
)

Пишува: Костадин Стојаноски