Коментар на Горбачов за глобалната состојба: „Светот е на работ, ова е речиси војна“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Последниот политички лидер на Советскиот Сојуз, претседател Михаил Горбачов, наскоро ќе ја објави својата нова книга, својот политички тестамент во која авторот на политиката на „гласност“ и „перестројка“ ќе ја изложи својата визија на 21 век, соопштува издавачот.

„Иднината на глобалниот свет“, делото на поранешниот лидер на СССР кој денес има 88 години, на 23 септември ќе биде објавена во Германија и на 2 октомври во Франција.

„Светската политика се наоѓа на исклучително опасен раб. Сегашните воени активности личат на вистинска војна“, предупредува Горбачов во деловите од книгата кои ги објави неговиот издавач.

Добитникот на Нобеловата награда за мир оцени дека „заштитата на мирот е клучна за совладување на глобалните проблеми како кризата на животната средина, меѓународниот тероризам, емиграцијата и сите останати предизвици кои се во центарот на вниманието на државите и меѓународните организации“.

Неговата книга ќе биде објавена пред 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид на 8 октомври кога Михаил Горбачов беше на чело на Советскиот Сојуз.