Home Спорт Комедија на пресот: На Конте му подарија дрес на Јунајтед со потпис од Мурињо!

Комедија на пресот: На Конте му подарија дрес на Јунајтед со потпис од Мурињо!

Еден италијански новинар кој присуствуваше на денешната пресконференција, дојде пред менаџерот на Челзи Антонио Конте со дрес од Манчестер Јунајтед и тоа потпишан лично од Жозе Мурињо.

На дресот на „црвените ѓаволи“ стоеше бројот 1 и името на Конте, а додатно му ја покажа и пораката која му ја испраќаат група комичари и го советуваат да се смири со Мурињо.

„Ова е од твојот пријател Жозе Мурињо. Го посетивме и тој ни порача дека многу му се допаѓаш како личност. Погледни само што ти напиша на подарокот. Сега мора да ветиш дека ќе му возвратиш со подарок и ти“.

Конте не сакаше да го прифати подарокот и само се насмеа, но се виде дека не му е сеедно, бидејќи е во лоши односи со „Специјалниот“.

Новинарот после овој инцидент беше отсранет од салата и веројатно нема повеќе никогаш да присуствува на пресконференциите од Челзи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…